13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски

„Христијан Мицкоски и неговите пратеници во Собранието доживеаја нов дебакл“, велат од СДСМ.

Како што посочуваат, пропаднале во вода лагите на заложникот на Димитар Апасиев за Христијан Мицкоски дека кон крајот на февруари ќе обезбедел 61 пратеник за распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори.

„Не само што нема ново парламентарно мнозинство туку ниеден од пратениците не смогна сили да гласа против предлозите што ВМРО-ДПМНЕ десет дена ги критикуваше. Сето тоа покажува дека нивната цел била само одолжување на изборот за да се попречи работата на министерствата и да се пролонгира нивниот најнов пораз во Собранието. Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и неговите пратеници се водат исклучиво од личните политички интереси, а воопшто не им е гајле за интересите на граѓаните и државата“, велат оттаму.

Според нив, зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги.

„Зајакнатото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ продолжува со реализација на реформите, на мерките и на политиките што се во интерес на државата и граѓаните“, завршуваат од партијата преку нивното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ТЕМНИ ОБЛАЦИ И ДОДЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – Синоптичарите ја објавија четиридневната прогноза

ДЕСК

Кој пат води до ЕУ: Бојан Маричиќ од Киив — „консензусот ќе дојде, но прво треба дела“

ДЕСК

Почина пензиониран полицаец кој беше испратен во притвор поради трагедијата во “Пулс”

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.