Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски се сретна со Абазовиќ

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Со посебно задоволство денеска се сретнав со мојот драг пријател, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, со кого продискутиравме за заедничките позитивни заложби за зајакната соработка со цел просперитет на целиот регион.

Во делот на меѓународните активности на министерствата за внатрешни работи од двете земји, можеме да се пофалиме со одлична билатерална и оперативна соработка, која трае веќе со години, особено на полето на сузбивање на организираниот криминал и корупцијата, спречување на илегалната миграција, сајбер криминалот и сл., а на меѓудржавно ниво таа е изразена и преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка во сите сегменти на општественото живеење.

Црна Гора е една од најбратските земји и најблиските партнери на Северна Македонија и уверен сум дека тие односи ќе продолжиме да ги негуваме и продлабочуваме во интерес на сите наши граѓани. Секако, посебна благодарност за поддршката во евроинтеграцискиот пат, продолжуваме заедно кон создавањето на просперитетен регион, како сојузници во НАТО и идни членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +