13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп, како и во охридскиот Суд, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.