25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО ВРЗ ВАГОН ЦИСТЕРНА ПОЛН СО НАФТЕН ДЕРИВАТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НАСЕЛБА ИЛИНДЕН НАЈВЕРОЈАТНО ОД СТРУЕН УДАР ПО ШТО ДОШЛО ДО ПОЖАР ВРЗ ВАГОНОТ

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 21.05 часот од страна на дежурниот во Македонски железници добиле телефонски повик и пријава дека на железничка станица „Илинден“ има пожар на една цистерна и за истиот биле информирани и БППЗ на Град Скопје. Од страна на РЦУК Скопје била контактирана БППЗ од кои беше потврден настанот и дека две нивни екипи се на терен.

За истиот настан беа информирани и дежурните во Полициските станици Автокоманда и Петровец, од каде што беше потврден настанот. Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК беа известени дежурните оперативни центри на МВР и Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС).

По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на истиот има починато едно лице. На местото на настанот се присутни претставници на Итна медицинска помош, Полицијата и Јавното обвинителство кои постапувале согласно нивните процедури.

Инаку, според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над вагоните, но се чека официјална потврда на тие информации.