Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неколкумина повредени во тешка сообраќајка близу Штип

На 13.10.2025 во 06:58 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Три Чешми-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Е.(44) од Кратово и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(32) од Р. Турција, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот В.Б. и неговите сопатници Ф.А.(27) од с.Долно Коњари и Б.Б.(30) од с.Средно Коњари, општина Петровец, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА – Повардарието под налети над 50 км/ч, еве каде ќе врне

ДЕСК

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК