Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник); за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник); за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).