Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 114.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (19.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10.4 %), Дејности во врска со недвижен имот (10.2 %) и Уметност, забава и рекреација (8.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51 387 денари.