Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:
Голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени.
Ја поздравуваме оваа одлука важна за правдата и независниот правосуден систем.
Незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна.
Оваа одлука на Судот во Стразбур е важна затоа што не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур. Нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.
Аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени.
Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се во тек.
Само ако има правда, има мир.
Нема и не смее да има какви било калкулации кога во прашање е правдата и одговорноста за сите сторени кривични дела.
Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично општество.