23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Се надевам дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев, Владата ќе биде изгласана со над 64 гласови

Одлуката којашто ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство, оцени премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи пример – дека вчера биле изгласани многу важни закони, како што се оние поврзани со ‘Отворен Балкан’, за слободно движење на луѓето, но и Договорот за Фронтекс, со којшто за првпат македонскиот јазик стана дел од официјалните јазици на ЕУ.

-Она што го ветивме тоа и го остаривме и тоа го ратификуваше Собранието. Она што можам да кажам е дека ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно бидејќи видовме дека и вчера не го гласаше пратеникот на Демократски сојуз договорот Фронтекс, за жал, меѓутоа ќе има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Тој тоа го најави во петокот кога имавме разговор со него, меѓутоа сакаа да го соопштат самите. Јас очекувам дека нивните функционери веќе во текот на денешниот ден ќе ги поднесат своите оставки, тука пред се мислам на заменик министерот за локална самоуправа. Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стана заложник на Апасиев и нормално дека ние како Влада, како коалициона Влада и како парламентарно мнозинство остануваме отворени за сите политички партии, за сите поединци и за сите организации кои што се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ, рече Ковачевски.

Тој додаде дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласови.

-Јас и вчера кажав дека реконструкцијата која ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди туку од тоа државата да има стабилно мнозинство кое ќе може да ги носи економските закони, кое ќе може да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата и притоа да не биде блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тое е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години. Сметам дека сите владини партнери се за такво ефикасно работење на собранието и дека внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници дека ќе го зацврсти мнозинство и дека ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата но и животниот стандард на граѓаните во сите области, заклучи премиерот.