25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСИЗБОР

Ковачевски: Произведуваме 40% елекрична енергија повеќе од истиот период лани, повисоки цени на струја не се очекуваат

Во текот на вчерашниот ден се произведени 21.611 мегават часови електрична енергија, што е подобрување од минатиот ден, кога имавме производство највисоко во последните десет години, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

-Од први јануари годинава до осми февруари имаме произведено над 720 илјади мегават часови, што е за 40 насто повеќе од лани истиот период. АД ЕСМ ги има вклучено сите државни капацитети за производствоо на енергија, како што се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, како и двете гасни електрани во Скопје. Вклучени во системскиот балана на услуги се и сите 27 хидро капацитети, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека ЕСМ успева да ги покрие потребните побарувања на дневна основа.

-ЕСМ продажба има договори со над 64 правни субјекти од страна на институциите, како болници, клиники и ги снабдува овие субјекти исто како останатите трговци со електрична енергија регистрирани во државата. Зголеменото производство се должи на зголемената побарувачка. Со ваквото производство во јуни, кога Владата, надлежните министерства и РКЕ ќе ја формираат цената на електичната енергија за од први јули, нема да нема зголемување на цената на електричната енергија. Планот за 2023 година е за 20% зголемување на производството за разлика од 2022 година, рече Ковачевски.