Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи.

Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Северна Македонија.

„Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата.

Со цел успешно справување со економската и енергетска криза, Северна Македонија веќе доби помош од 80 милиони евра, кои се наменети за директна буџетска поддршка за оваа година.

Можеби ќе ве интересира

Царина и АХВ потпишаа нов меморандум за соработка – Заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Прва заедничка координација на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.