Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Шпанија ја зголеми минималната плата на 1.080 евра

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека владата годинава ќе ја зголеми минималната плата за осум отсто.

Најниско платените работници со полно работно време во Шпанија наскоро ќе заработуваат законски минимум од 1.080 евра (1.172 долари) месечно во 14 плаќања годишно. Вкупно годишната минимална плата ќе се зголеми на 15.120 евра.

– Со ова исполнуваме едно од нашите ветувања, за кое верувам дека беше наша демократска обврска: зголемување на минималната плата за таа да биде 60 отсто од просечната плата – рече Санчез.

Тој додаде дека „борбата на владата за подобрување на работните услови и поправедна распределба на богатството е само на почетокот“.

Откако Санчез стана премиер на Шпанија во 2018 година, минималната плата во земјата се зголеми за 35 отсто од 735 евра месечно. Во исто време, стапката на невработеност во Шпанија падна на околу 12 отсто, што е најниско ниво од финансиската криза во 2008 година.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Комората, Азески, и Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

ДЕСК

За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

C +

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.