Вие не сте родени со овие квалитети, тие се изградени, па и денес можете да ги зацврстите во себе и да придонесете за сопствената среќа.
Често ни се чини дека некои луѓе имаат повеќе среќа, дека се секогаш расположени, насмеани, зрачат со голема енергија…
Тоа не е поврзано со судбината, ниту со раѓањето под среќна ѕвезда, туку со нивните карактерни црти и личен развој.
Еве ги карактеристиките на луѓето кои имаат поголема среќа:
Трпение
Нетрпеливите луѓе губат рамнотежа кога работите не одат според планот и имаат поголема веројатност да бидат нервозни. Од друга страна, позната е изреката – „трпелив, спасен“. Да се биде трпелив може да помогне да ги подобрите вашите односи, да го намалите нивото на стрес, да ве направи порационални и да ви помогне да бидете поотпорни.
Отпорност
Животот често носи подеми и падови, убавина и предизвици, а кога ќе се појават тешки денови, важно е да бидете издржливи, да останете стабилни. Негувањето на издржливост е она што ни помага да се справиме со животните стресови. До одреден степен, среќата и мирот доаѓаат од отсуството на негативни емоции. А издржливоста ни помага да се справиме со непријатните чувства кои понекогаш се неизбежни. Колку сте поотпорни, толку е поголема веројатноста да станете прилагодливи.
Смисла за хумор
Смеата е лековита, науката тоа го докажа. Тоа помага да се намали нивото на стрес и е поврзан со подобар квалитет на живот. Кога се смееме, нашето тело лачи ендорфин, хормон одговорен за добро чувство во телото. Ендорфините не само што го подобруваат вашето чувство за благосостојба, туку се способни и да ја ублажат болката. Смеата има магичен ефект кој може да помогне да се распрсне лутината, да се намали гневот и да се ослободите од напнатоста. Луѓето со добра смисла за хумор дефинитивно повеќе се забавуваат во животот.
Простување
Кога простуваме, се ослободуваме од емоционалниот товар. Простувањето е противотров на горчината, лутината и огорченоста. Продолжениот гнев ве става во постојан режим на борба или бегство, што е сериозно лошо за вашето здравје. Оние кои простуваат полесно се ослободуваат од разочарувањето, фрустрацијата и гневот.
Скромност
Оваа одлична карактеристика го држи егото под контрола, но исто така ни помага да гледаме на себе и на светот околу нас на поздрав начин. Тоа ни овозможува да бидеме токму тоа што сме. Не треба да бидеме натчовечки. Можеме да ги прифатиме и да ги признаеме нашите недостатоци и силни страни. Ниту ги осудуваме другите неправедно, ниту се сметаме себеси за подобри или полоши.
Толеранција
Различноста е она што му дава на светот неговото богатство. Толеранцијата создава поправедно и попочитувано општество. Толеранцијата не значи дека треба да ги прифатиме ставовите на луѓето кога тие се во конфликт со нашите, туку значи дека ги почитуваме.
Љубезност
Тоа влијае на нашата среќа од неколку аспекти:
Го зголемува нивото на серотонин и допамин (хормон на среќата).
Ја зголемува таканаречената евдаимонска среќа која ви дава чувство за смисла и цел.
Ја зголемува самодовербата.
Самосвест
Да се биде самосвесен е она што ви помага да ја видите вистината за себе. Тоа ве тера да преземете одговорност за вашиот живот – вклучувајќи ја и вашата среќа. Самосвеста е подарок за личен развој, таа ви дава моќ да протуркате сè и да најдете посреќна верзија од себе.
Оптимизам
Тоа ни помага да бидеме поуспешни и поздрави, но и посреќни. Студиите дури покажаа дека оптимистите живеат подолго, имаат подобро здравје, подобро се справуваат со стресот, постигнуваат повеќе успеси, имаат подобра самодоверба…
Ранливост
Иако многумина не би ја ставиле ранливоста на листата на позитивни особини, тука се работи за големата моќ да се покаже ранливост. Не можеме да бидеме среќни без автентичност – а ранливоста е клучот за да се биде автентик. Да се биде ранлив е она што ни помага да изградиме доверба, интимност и блискост со другите – што ни дава посилни односи. Не ослободува и од неискреноста и потиснувањето на чувствата.