12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Министерката Петровска на редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи

Во просториите на Регионалниот центар за односи со јавноста ќе се реализира редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи акредитирани во Северна Македонија.

Годишниот брифинг ќе го отвори министерката за одбрана, Славјанка Петровска, а свои воведни обраќања ќе имаат и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин и одбранбеното аташе на Обединетото Кралство, Метју Вокер.

На годишниот брифинг ќе се сумираат развојните процеси во одбраната и во Армијата во изминатата година, вклучувајќи го учеството на припадниците на Армијата во мисии и операции, развојот на човечките ресурси и реализацијата на армиските вежби за 2022 и плановите за 2023 година.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.