Утре во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Од вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).
Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места.
Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег.
Прогноза за 23.01.2023
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Облачно со врнежи од дожд, на места во попладневните часови врнежите ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Прогноза за 24.01.2023
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 3°C до 10°C
Во западните делови променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Прогноза за 25.01.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Претежно облачно. Во крајните јужни делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.