Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

238 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.