3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Биткоинот во пораст и покрај негативното расположение на крипто-пазарите

Биткоинот повторно го засили темпото, надминувајќи ја границата од 20.000 долари во понеделникот за прв пат од ноември. Најпопуларната и најголема криптовалута во светот по пазарна капитализација порасна за 0,70 отсто на 20.817,37 долари во 18:00 часот, според Coinmarketcap.com.

Пазарната капитализација на биткоинот се зголеми за над 0.63 отсто на 40.101.586.225 долари во последните 24 часа. Неочекуваните добивки во услови на константно негативно расположение на крипто-пазарите покрена многу веѓи.

Биткоинот имаше тешка 2022 година. Рецесијата и кризата на доверба во криптовалутите ги принудија трговците да продаваат биткоин и да инвестираат во постабилен имот.

Во текот на изминатата година, биткоинот падна за 57,53%. Колапсот на FTX, една од најголемите платформи за тргување со криптовалути, и апсењето на нејзиниот извршен директор влијаеше на некои аналитичари да го предвидат крајот на биткоинот.

Сепак, аналитичарите кои го предвидуваат неговиот пад се чини дека немаат долга меморија бидејќи тој веќе еднаш надмина ваков тип на криза.

Во 2014 година, Mt Gox беше најголемата платформа за крипто-тргување, обработувајќи 70% од сите трансакции со биткоин. До крајот на февруари 2014 година, „Гокс“ поднесе барање за стечај поради наводите за измама. Тоа не го спречи биткоинот да се врати.

Спонзорирано: