На 13.01.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека таа и 20-годишник од Куманово биле измамени од едно женско лице за сума од 12.576 денари. Според пријавеното, тие стапиле во контакт со лицето, кое им понудило да им посредува за добивање работни места во Германија, а за што побарала надомест.
Како што е пријавено, во неколку наврати ги уплатиле парите на сметка во банка и откако ја информирале дека нема веќе да пуштаат пари додека не потпишат договор, лицето го прекинало контактот и не им ги вратило парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.