Европратеникот Ангел Џамбаски, познат по провокациите кон македонскиот народ и оспорувањето на историските факти не пропушти шанса во Скопје да го искористи чествувањето по повод 95 години од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева за да упати националистички пораки.
– Се собираме на Кејот на Вардар за да и оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува.
Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија. Вечна слава на Мара Бунева и вечна слава на сите бугарски херои – рече Џамбаски и ги повика околу 500 присутни клекнувајќи да и оддадат почит на Бунева.
-Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Им благодарам и им честитам на сите бугарски националисти, патриоти и патриоти, од сите политички, младински и културни и просветни организации, со кои денеска бевме на кејот на Вардар, во одбрана на македонските Бугари. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!, ни порача Џамбаски од центарот на Скопје.