Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на прес-конференција по завршивањето на вториот круг од локалните избори, истакна дека резултатите потврдуваат дека СДСМ останува најсилната опозициска партија во државата, нагласувајќи дека овие избори се важна поука и насока за натамошната работа на партијата, како и за нејзиното понатамошно позиционирање во интерес на граѓаните и државата.

„Согласно со изборниот резултат на советничките листи и бројот на гласови, СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. Ова е поттик да продолжиме и силно да се бориме против оваа власт, која никогаш повеќе нема да има таква поддршка каква што имаше на изборите минатата година,“ изјави д-р Филипче.

Тој додаде дека резултатите од вториот круг се јасен сигнал за идните чекори на СДСМ и насоката во која ќе се движи партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, секако јасен патоказ и за мене како претседател на партијата,“ рече лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +