23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кој е скопскиот градоначалник кој му дише во врат на Мицкоски? – Се тресе фотелјата на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ

Христијан Мицкоски продолжува со неговиот план да бара предвремени парламентарни избори, но овој пат тоа го прави со сценарио дека тие би се одржале веќе во мај оваа година, лицитирајќи со датумите 14ти или 21ви мај, објави 24инфо.мк

Како поткрепа на ова, тој го посочува фактот дека добивал одредени „сигнали“ од некои пратеници кои се дел од парламентарното мнозинство.

Од Вевчани Мицкоски тврдеше дека не само што ќе нема доволно пратеници за уставни измени, туку тој не верува дека ќе има и пратеници за да се задржи парламентарното мнозинство, повторно алудирајќи дека Собранието само што не се распуштило.

По сценариото на Мицкоски, за изборите да се одржат на преоктираните датуми во мај, Собранието треба да се распушти кон крајот на овој месец.

До крајот на месецот остануваат уште две недели, период во кој ќе се види дали Мицкоски навистина има план и дали тој ќе успее.

За СДСМ прашањето за предвремени избори е затворено. Според нив парламентарни избори ќе има во редовниот термин во 2024 година, а барањето на Мицкоски го сметаат како алатка за внатрепартиска употреба.

„Очигледно дека голем е притисокот врз фотелјата на Мицкоски па затоа мора секојдневно да повторува едно те исто. Мицкоски освен фотелја ништо не го интересира. Ниту пак зборува за нешто друго, најмалку за потребите на граѓаните.“ му реплицираа денеска на Мицкоски од Бихаќка.

Во вчерашно интервју и потрпретседателот на СДСМ Стефан Богоев оцени дека барањето на Мицкоски е поради неговиот страв за зачувување на челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

„Има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на големи општини, кои во исто време имаат и висока партиска функција. Тимчо Муцунски е потпретседател на партијата и градоначалник на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски е претседател на Градски комитет и градоначалник на Кисела Вода. Тие сериозно му ја загрозуваат позицијата на Мицкоски внатре во партијата“ посочи Богоев.

Дека во ВМРО-ДПМНЕ постои еден вид на натпревар меѓу градоначалниците, се почесто се слуша во јавноста, особено откако партијата се разиде со Данела Арсовска, па многу актуелни градоначалници во скопските општини се гледаат токму себе на таа позиција, што често пати значи и дејствување спротивно од она на Мицкоски, што можеби првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го гледа како закана.
Освен СДСМ, идејата за предвремени избори ја одбиваат и во ДУИ но и од другите политички партии од албанскиот блок, па прашање како Мицкоски ќе стигне до 61 пратеник и дали навистина имал сигнали од пратеници од актуелното парламентарно мнозинство.

Работите ќе станат појасни во неделите и месеците што доаѓаат, но впечаток е дека годинава политичката сцена ќе ја одбележи трката помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ до 80 пратеници за уставни измени или 61 пратеник за распуштање на Собранието и предвремени избори, анализира 24инфо.

Спонзорирано: