15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Прегазени уште две лица од автомобили возачите побегнале

На 09.01.2023 во 18.35 часот во СВР Битола било пријавено дека нa ул.„Тодор Паница“ во Битола, патничко возило удрило во К.П.(71) од Битола и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така На 09.01.2023 околу 23.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Партизанска“ во Струга, патничко возило удрило во М.Д.(58) од Република Албанија и го напуштило местото. Во несреќата М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Апсење на скопскиот аеродром

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во автобус во Скопје, ѝ го украле паричникот со пари и документи

ДЕСК

Во куќа пронајден починат скопјанец – наредена обдукција

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.