23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопјани се гушат во смог, а ВМРО ДПМНЕ како локална власт не прави ништо за да се реши проблемот

Покрај штетите врз здравјето на луѓето, загадувањето прави и економски штети. Мерната станица Лисиче во Скопје покажува дека воздухот во овој реон е опасно загаден и веќе два дена по ред среднодневната концентрација на ситни честички ПМ10 е над 150 микрограми на кубен метар воздух. Оваа населба буквално се труе веќе пет дена со ред.

Скопјани со недели се гушат во смог, а локалната власт која во Советот е предводена од ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска како да не прават ништо за да се спречи аерозагадувањето.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) загадениот воздух предизвикува околу 2.500 предвремени смртни случаи годишно во Македонија.

Зошто локалната власт не го превенира аерозагадувањето со активни мерки?

Локалната власт во градот Скопје наместо да ја предвиди ваквата ситуација, засега без конкретни мерки.

Граѓаните бараат субвенции за префрлување кон еколошки форми на загревање на нивните домови кои ги нема, а го нема ниту бесплатниот јавен превоз со кој ќе се стимулира невозењето на автомобили за време на критичниот период.

СДСМ денеска поднесува иницијативата за вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух во главниот град, најавија од таму.

– Згора на се, додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %, обвини СДСМ.

СДСМ во иницијативата излегува конкретни мерки за борба против загадениот воздух во главниот град:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати овие мерки во интерес на скопјани и за најважното, здравјето на граѓаните, побараа од СДСМ..