8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Доаѓа снегот и на пониските места – Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза

Денес претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 11.01.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 12.01.2023
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.01.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 9°C

Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Спонзорирано: