Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:
Наследивме руинирани и нефункционални објекти. Реконструиравме 78 модерни и енергетско ефикасни објекти со кои остваривме и придонес во значителна заштеда на електрична енергија.
Колку за илустрација:
▶️2021 се потрошени 15.900.195,5 kw/h
▶️2022 се потрошени 13.168.749,38 kw/h
▶️Остварена е заштеда од 2.731.446,12 kw/h.
Продолжуваме со обезбедувањето на подобри работни услови и подобри услуги. Со штедењето енергија на ваков начин ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина.