23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев ја сумираше работата на Фондацијата во 2022: Повикувам да помагаме, да направиме подобро за луѓето околу нас, без разлика дали ги познаваме или не

– Завршуваме година во која доминираа моментите посветени на животот, на солидарноста, на хуманоста, на сегашноста и иднината, напиша Зоран Заев на социјалните мрежи, чиј што статус го пренесуваме во целост:

Потсетувајќи на сѐ што сме постигнале во минатото, повикувам да ги искористиме празничните денови и да дадеме уште поголемо значење на вредностите кои носат радост. Повикувам да помагаме, да направиме сѐ што можеме да им биде подобро на луѓето околу нас, без разлика дали ги познаваме или не.

Фондацијата Заев преку низа предновогодишни активности, но и преку целата година, подава рака и дава директна помош на различни индивидуи, групи, заедници и институции, со цел да ги направиме нашето македонско општество, но и општествата околу нас, поубави места за живеење.

Покрај директната помош на ранливите категории и на институциите кои им помагаат на граѓаните, преку серија активности, настани и конференции ги поддржавме политиките на регионална соработка, соживот, мир, добрососедство и демократски развој, како и промоцијата на македонскиот јазик дома, но и насекаде низ светот.

Во 2023 година да продолжиме да даваме поддршка секому. Еден спасен живот – спасен цел свет. Една насмевка повеќе – радост за цел свет.

Во текот на 2022 година, преку Фондацијата “Заев – едно општество за сите”:
– обезбедивме апарат за реанимација на новороденчиња за Клиниката по гинекологија и акушерство во Скопје, апарат кој досега не постоеше на Клиниката а со кој се спасуваат животи на новороденчиња, особено оние кои се родени пред време
– дониравме апарат за дијагностика од областа на урологијата во струмичката болница
– поделивме пакетчиња за деца на улица, деца на самохрани родители, деца без лична документација и деца на бездомни родители во ромските маала од скопските општини: Шуто Оризари, Аеродром (Керамидница), Гази Баба (Кванташки пазар), Карпош (Момин поток), Бутел (Визбегово) и Маџари (Рамка), во соработка со невладината Амбрела
– овозможивме екскурзија и посета на Крушево за децата корисници на социјални услуги од групните домови при јавните установи „11 Октомври“ и „25 Мај“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика
– ги поддржавме спотските новинари од регионот да ја продолжат својата мисија за соработка и промоцоија на мирот преку спортски активности
– доделивме вредносни ваучери за директна помош на 150 семејства од социјално ранливи категории
– обезбедивме перики за жените борки кои се справуваат со ракот на дојка и заедно со нив упативме порака за невремени прегледи со цел рана превенција на ракот и со тоа создавње можност сечиj живот да победи и продолжи понатаму
– помогнавме социјални активности на 350 деца од установата „Детска радост“ – Струмица, во рамки на одбележувањето на Неделата на детето
– дониравме спортски реквизити на Здружението на пензионери – Струмица
– го поддржавме ликовниот хепенинг по повод Денот на мирот организиран од ученицитеи менторите од училиштата од Струмица, Ново Село, Босилово и Василевово, во соработка со Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица
– го поддржавме театарскиот проект “Сам против сите” чија тема е борбата против аксиозноста и депресијата
– дониравме помош за семејствата на четири куќи од Прилеп кои беа опожарени од удар на гром, во соработка со СОС Детско село
– ги поддржавме со донација Амир Дестанов од „Дневниот центар за деца на улица“ и ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари и младиот генијалец Македон Димитровски, ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово, честитајќи им го Меѓународниот ден на младите
– испративме 20 тони македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население кое ја брани својата сувереност во Украина

❤️ 🇲🇰