24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСИЗБОР

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола утрово вратен на мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа. По завршувањето на сервисно – ремонтни активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет, информираат од ЕСМ.

Оттаму велат дека „РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок 2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор“.

„Како што во повеќе наврати известивме, годинава заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките“ се вели во соопштението.