На 29-годишна возраст ненадејно почина најбараниот хрватски модел Патрик Цветко.
Патрик доживеал епилептичен напад, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата пријателка Елена Диздар на својот Инстаграм профил.
Почивај во мир пријателе“, напиша таа.
Цветко почна да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.
На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од неговото секојдневие.