Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

„Мицкоски и неговата банда, под превезот на лажниот патриотизам, донесоа ослабена економија, партизирана држава, плати кои стагнираат и цени кои дивеат. Мицкоски нема ниту чест, ниту љубов кон земјата и граѓаните. За него постојат само калкулации, спинови, лични амбиции и бизнис-зделки, истакна Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Прилеп.

Филипче нагласи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за народот, но не го слушаат народот – и тоа е најголемиот доказ за нивниот лажен патриотизам.

Во своето обраќање, Филипче истакна дека разликите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле поочигледни.

„Денес сме исправени пред избор меѓу две Македонии, меѓу две сосема различни иднини. Едната е нашата – Македонија на трудот, на знаењето, на граѓаните што сакаат да живеат во мир и достоинство. Македонија која го почитува и вреднува трудот на работникот и која го слуша и го почитува гласот на луѓето. И другата е нивната – Македонија на стравот, на поделбите, на омразата и на ароганцијата. Македонија каде власта контролира сè за сопствен интерес, каде мислењето на луѓето е неважно како ланскиот снег и каде иднината е неизвесна“, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК

ВОЗЕЛ „АУДИ“ СО 2,20 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – Приведен скопјанец во Охрид, возилото му е одземено

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев

ДЕСК