24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Шутаров: Повеќе од една година Скопје е заглавен град заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје:

Повеќе од една година Скопје тоне во хаос и бесперспективност поради неспособноста и кавгите за рацете во медот помеѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.

Наместо проекти, решенија, наместо модерно Скопје денеска скопјани живеат во заглавен град со нефункционални јавни претрпијатија.

Бас рапид транзит, готов проект со обезбедени 70 милиони евра беше намерно прекинат од ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и меѓународниот углед на Скопје.

Покрај нивелирањето шахти, единствен успешен проект на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ беше вработувањето на стотина партиски војници во Град Скопје, како и назначување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ за членови на управни и надзорни одбори во градските јавни претпријатија.

Колку ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска успешно менаџираа со Градот покажа недостигот на тонери кога цел месец граѓаните и администрацијата мака мачеа со издавање документи.

За овие 14 месеци не само што нема нови проекти, не само што не се реализираат населедените, не функционираат ниту редовните услуги на градот.

Јавниот превоз е колабиран, ЈСП е во долгови, хаос е во „водовод и канализација“ но и во ЈП „Дрисла“.

Ова е ефектот од сработеното на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во првата четвртина од нивниот мандат.

Со ВМРО-ДПМНЕ како градска и општинска власт, Скопје е заглавен град како што државата 11 години беше заглавена.

Градоначалниците и мнозинствата во советите од ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните досега и се најголемото разочарување за граѓаните.