Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Седумнаесет годишна девојка се сомничи дека го нападнала малолетникот кој падна во Пена и загина

На 22.12.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала 16-годишниот малолетник од с.Ново Село, општина Желино, кој вчера во 07.10 часот беше пронајден починат во водите на река Пена на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово. Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово.

Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил пуштен.

По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги

ДЕСК

СКАНДАЛ СО ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ – Осуммина уапсени, до 4.000 пациенти наводно оштетени, сомнежи за милионски злоупотреби

ДЕСК

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК