24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студен бран над Македонија: Дожд, заладување и снежна покривка во делови од земјава – Синоптичарите објавија прогноза за следните 4 дена

За време на викендот нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран што ќе предизвика времето да биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од утре попладне до недела и на места ќе бидат поројни (над 30 л/м2). Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од понеделник ќе има заладување што ќе услови врнежите да преминуваат во снег, а во попладневните и вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од снег и во некои пониски места, особено во северните делови.

Прогноза за 11.12.2022
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 11°C до 15°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 12.12.2022
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 12°C

Променливо облачно со локален дожд, а на планините со слаб снег, претежно во западните и северните делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради нагло заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на пониските места. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крај на денот ќе се промени во северен.

Прогноза за 13.12.2022
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.