24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Од утре хаос на булеварот “Илинденска” – Превозниците со нов чекор

Координативното тело решило протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина”, изјави Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ на прес-конференција оддржана денеска.

Блокадите низ Скопје направија огромна економска штета врз компаниите и граѓаните, кои трпат и психичка тортура.

Штетите се во милиони евра за бизнисите, прометот на компаниите е драстично опаднат, а трошоците неколку кратно зголемени.

Скопје изминатите денови беше “киднапирано”, а целиот град беше во невиден метеж. Наместо модерно Скопје, граѓаните добија блокирано Скопје.

До кога ќе трае оваа ситуација, останува да видиме.

Спонзорирано: