19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

За американската амбасадорка уставните измени се над политиката, опозцијата да не противречи колку да е против

„Јас се надевам дека опозицијата не зазема одредени позиции само за да противречи, да биде против. Ова е нешто што според мене ја надминува политиката. Ова не треба да биде доведено во врска со партии. Ова треба да биде во врска со тоа што е добро за земјата“ изјави американската амбасадорка Анџела Агелер на Сител ТВ.

Таа додаде дека нејзина желба е тие кои го доведуваат ова во прашње да погледнат што е тоа што е во најдобар интерес за земјава, за сите граѓаните и да донесат одлуки со кои ќе се направи придвижување земјата да стане посилна, а не послаба.

Агелер смета дека македонскиот јазик и идентиетт нема да бидат загрозени во процесот на уставните измени и најави дека таа и Стејт департментот ќе направат се за поддршка на евроатлантската аспирација на земјава, свесни дека не е само тешко да се придвижат уставните измени, туку и да се спроведат реформите кои се неопходни за тоа членство.

„Верувам, според она што сум го слушнала од македонските пријатели и контакти во изминатите две декади, а тоа е дека ова е тоа што луѓето на оваа земја го сакаат – сакаат да бидат насочени кон ЕУ, да имаат пристап до европскиот пазар повеќе отколку што имаат сега, да станат целосно интегрирана членка на европската зедница и да бидат дел од евроатланското семејство. Јас верувам и ќе направам се што е во моја моќ да ја помогнам таа евроатланска аспирација зашто мислам дека е важна и мислам дека ќе направи огромна разлика во контекст на економијата во оваа земја, во контекст на можностите кои се достапни за младите во земјава“ рече Агелер.