23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

ХАОС НИЗ СКОПЈЕ – Почна блокадата на превозниците, избегнувајте ги од овие улици – Кој ќе ја надомести штетата од милиони евра врз бизнисите и граѓаните?

Почна протестот на приватните превозници во град Скопје.

Протестот започна нешто по 06 часот утрово, а полицијата излезе со важна информација за граѓаните.

Поради блокадите ќе има посебен режим на сообраќај на булеварот “Илинден” кон крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски и крстосницата со булевар “8ми септември и улица “11 октомври”

Блокирана ќе биде и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата).

Од МВР стигна апел до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полицајците.

Кој ќе ја надомести штетата од милиони евра врз граѓаните и бизнисите?
Последиците од секојдневните протести кои се наметнаа по спорот меѓу приватните превозници и градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска ќе бидат катастрофални доколку продолжи ваквото опасно и тензично темпо во сообраќајот во Скопје и нема да бидат само економски, велат познавачите и додаваат дека сето ова се одразува и на продуктивноста на вработените, но и учениците и студентите кои ни криви ни должни се блокирани во своето движење.

CENTAR.MK дознава дека доколку продолжат протестите некои поголеми фирми кои можат да си го дозволат тоа, ќе се вратат на работење од дома, додека не се среди хаосот во главниот град.

Штетите се во милиони евра и дали некој ќе ги плати останува да видиме.

Како што дознава Centar.mk организаторот на блокадите го пријавил протестот и е познат на полицијата.