24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.КУЛТУРАИЗБОР

Фондацијата Заев со поддршка за манифестација „Романски поети на македонски јазик – Ана Бландијана“ која ќе се оддржи во Букурешт

Националниот музеј на романската книжевност во Букурешт организира манифестација „Романски поети на македонски јазик – Ана Бландијана“, која ќе се одржи на 8 декември 2022 година, во 17:00 часот.

Настанот, чиј модератор е Лорета Попа, е организиран од МНЛР во соработка со Амбасадата на Северна Македонија во Романија и Здружението на Македонците во Романија.

На настанот ќе зборува проф. д-р Јоан Кристеску, генерален директор на МНЛР, Силвана Ивановска, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Северна Македонија во Романија,Јонел Станчу, претставникот на македонската етничка група, Афродита Попеску, Лаура Елен Рогобете Кристеску, претседател на Романската македонска асоцијација, писателката Ана Бландијана и Јане Теохаревски, иницијатор на проектот.

Читањето на поетесата Ана Бландиана на романски јазик ќе биде надополнето со читање песни во превод на македонски јазик од Лидија Димковска, Ташко Саров и Јане Теохаревски. Потоа ќе бидат прикажани филмовите: „Кирилица“, во продукција на Министерството за култура на Северна Македонија, со романски превод).

Преводот ќе го обезбеди Анка Петреску, од Амбасадата на Северна Македонија во Романија.

Почнувајќи од 2018 година, 8-ми декември добива посебно значење за македонската заедница во Романија, со донесувањето и прогласувањето на законот со кој во Романија ќе се одбележува Денот на македонскиот јазик.

На иницијатива на претставничката на етничкиот состав во Собранието, тогашната пратеничка Маријана Венера Попеску, со поддршка на Здружението на Македонците во Романија и Македонската заедница во Романија, Денот на Свети Климент во Охрид (8.12) стана Денот на македонскиот јазик во Романија. На првата прослава (2018 година), во Дипломатскиот клуб во Букурешт, меѓу другите присуствуваа и тогашниот македонски министер за дијаспора, Едмонд Адеми, поранешниот министер за надворешни работи, сенаторот Титус Корлашеан, поранешниот директор на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, тогашниот амбасадор на Северна Македонија Габриел Атанасов, претседателката на АРМ Лаура Елен Рогобете Кристеску итн.

За жал, во наредните години, поради пандемијата, овој настан не се одбележувше. Годинашното одбележување е на иницијатива на Јане Теохаревски, актуелен главен уредник на емисијата „За македонскиот јазик“, која е на првиот канал на Македонската телевизија.

Настанот е организиран со поддршка на Фондацијата Заев.