23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува пад на цените на основните прехранбени продукти во просек од 10 отсто, најави Тасевска

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Од денеска компаниите производители на основни продукти ќе добиваат поевтина цена на електричната енергија, како дел од антикризните мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ.

Компаниите кои произведуваат основно прехранбени продукти од денеска ќе добиваат електрична енергија по фиксна цена од 80 евра за мегават час, што е двојно поевтина од цената на регулираниот пазар.

Ова ќе значи намалување на производствените трошоци, што ќе доведе до намалување на цените за крајните потрошувачи.

Треба да се напомене дека досега веќе е намалена цената на лебот, како и на некои млечни производи и масла за јадење, но во следниот период ќе се намалат цените и на останатите основни продукти помеѓу пет и 13 отсто.

Ова за граѓаните ќе значи поевтини производи и помали трошоци во семејниот буџет.

Инаку, Владата продолжува со субвенционирање на цената на електричната енергија од 80 отсто за 600.000 домаќинства и за 72.000 домашни компании.

Продолжува и поддршката за субвенционирање на сметки за електрична енергија за околу 4.000 семејства со ниски примања.

Почитувани,

И во време на светска економска криза, со одговорен и домаќински пристап обезбедуваме доволно средства за помош и поддршка на граѓаните во справувањето со последиците.

Грижата за сите продолжува.