30. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Оливер Спасовски: Отворена е најголемата и новоопремена дигитална судница во земјава, во Казнено-поправната установа Идризово, со која овозможуваме транспарентен и фер судски процес

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Отворена е најголемата и новоопремена дигитална судница во земјава, во Казнено-поправната установа Идризово, со која овозможуваме транспарентен и фер судски процес.

Денеска, заедно со Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир, министерот за правда Никола Тупанчески и заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Ерик Мајер, присуствуваме на отворањето на новата дигитална судница во земјава со која се овозможува притворените лица за тешки кривични дела да добијат судење на подрачјето на Затворот Идризово. Од една страна, притворениците го добиваат своето со закон загарантирано право на правично судење, а од друга страна, се намалуваат трошоците за судските процеси за обезбедување и транспорт, а се зголемува и безбедноста на жртвите.

На овој начин го зајакнуваме системот на казнено право, но позитивно влијаеме и на довербата на граѓаните во функционалноста на институциите.

Благодарност до нашите партнери од ЕУ за обезбедувањето финансии за градбата на објектот и опремата, како и до партнерите од Амбасадата на САД, за набавката на дополнителна безбедносна и ИТ опрема.