Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Грчките судови за првпат регистрираа Центар за македонски јазик

Од Центарот за македонски јазик во Грција велат дека во земјата и де факто е признато македонското говорно население, со фактот што месецов Центарот и официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција.

Судската документација на грчките правосудни органи и официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо.

Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција, велат од Центарот за македонски јазик.

Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.