Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Моја заложба е да бидеме поврзани со регионот со модерни патишта

Патната инфраструктура создава основа за забрзан економски развој на земјата, рече премиерот Димитар Ковачевски при увидот во градежните работи на експресниот пат кон Прилеп.

-Откако успеавме да ги надминеме сите проблеми што ги носеше автопатот Кичево-Охрид сега градежните активности таму се одвиваат со несмалено темпо, се градат и автопатите Скопје – Блаце, Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола, сета оваа патна инфраструктура ја прави Северна Македонија да е регионално поврзана. Граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките од новата патна инфраструктура, на експресните патишта: Штип – Радовиш, завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште.Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта и Градско – Дреново, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка, информира Ковачевски.

Премиерот истакна дека негова заложба е Северна Македонија да биде инфраструктурно поврзана со модерни патишта со цел регион, а тоа значи стабилност и економски напредок.

-Имам јасен план и Владата што ја предводам се држи до него и сите заедно го спроведуваме. Во државата почнаа да се менуваат работите, бидејќи оваа земја има европска перспектива, а граѓаните заслужуваат живот по европски правила и европски стандард, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК