25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Германските компании „очајно“ бараат работници: Се работи за оваа работа

Криминалците се повеќе ги напаѓаат компјутерските системи на германските компании, па очајно бараат експерти кои ќе ги ангажираат за да се заштитат.

Имено, проблемите со недостигот од ИТ експерти го достигнаа својот врв минатата година, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Повеќе од три четвртини од компаниите кои барале ИТ експерти, 77 отсто од нив пријавиле потешкотии при пополнување позиции, додека пет години претходно 58 отсто од нив се жалеле на недостаток на работници во ИТ секторот.

Проблем со напад на компјутерски системи минатата година пријавиле 15 отсто од германските компании со најмалку 10 вработени, што е за седум отсто повеќе од три години порано.