29. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

CENTAR АНАЛИЗА: Случајот “Онишченко” ни покажа и една голема разлика: УБК која беше контролор на заробената држава која масовно прислушува и АНБ отворена за јавноста и прифаќање на одговорност

Случајот „Онишченко“ деновиве ја разбранува јавноста и го отвори прашањето дали функционира системот во земјава, но од друга страна ја покажа и отвореноста на институциите, за разлика од едно друго време, кога луѓето се плашеа да спомнат име на некој што ја води тогашната УБК, сегашната АНБ.

Во тоа време, кога беа прислушувани илијадници граѓни, а државата беше оценета како заробена, институциите не даваа отчет пред граѓаните за бројните скандали.

За разлика од тогаш, сега во случајот со државјанството на украинскиот олигарх Онишченко надлежните излегоа пред јавноста и потврдија дека никој не бега од одговорност.

Во врска со овој случај, директорот на АНБ имаше опсежна прес конференција, премиерот имаше неколку изјави, а граѓаните и медиумите отворено зборуваат за се она што се случува.

За пофалба е и одлучноста на владата, на затворена седница да го отповика државјанството, да ја повлече одлуката за доделување на државјанство на тоа лице.

Сега најважно е да се детектираат пропустите, да се утврди кој згрешил, како згрешил и одговорноста да се лоцира, но разликата во оваа демократија и од пред неколку години е огромна.