На 24.11.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(45) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.А.(33) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 околу 20.00 часот во гостиварско Сенокос, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.Џ.(26) и А.А.(28), двајцата од селото, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, марихуана била пронајдена и при претрес извршен во објект на И.Џ. во с.Сенокос. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
На 24.11.2022 во 23.30 часот на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(48) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од девет години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување две годни и пет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 24.11.2022 околу 13.00 часот на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот тетовец Н.С.. Тој бил баран потерница по судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово“. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.
На 24.11.2022 во 09.10 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со Д.И.(26) од с.Возарци, кавадаречко. Тој се сомничи дека на 23.11.2022 околу 21.30 часот, додека бил на гости кај 48-годишен маж од с.Возарци, одзел паричник со 65.000 денари и лични документи. Дел од одземените пари и документи биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.
На 24.11.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(21) од Куманово и МД.(23) од Велес. Тие се сомничат дека на 20.11.2022 во 13.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово физички го нападнале А.Р.(37) од Куманово и му одзеле паричник. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 24.11.2022 на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола ги лишиле од слобода М.М(24), Д.Т.(24) и В.Т.(24), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 во 13.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.