Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО ОБИЛЕН И ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ СИЛЕН ВЕТЕР: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Денес, во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови.

Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нов локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот.

Прогноза за 28.10.2025
Минимална температура: 82°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 29.10.2025
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Утрото претежно ведро и постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 30.10.2025
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 15°C до 20°C

Утрото претежно ведро и постудено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК