24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Нашите млади генерации немаат време за губење, што побрзо во ЕУ тоа подобро

На трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски посочи дека ЕУ е сè уште единствената реална опција што ја имаме за закон, ред и подобар животен стандард.

-Горд сум што успеавме, земјата ја придвиживме напред и почнавме преговори со ЕУ после 17 години седење во чекалницата. Успеавме да го сочуваме македонскиот јазик, македонската посебност и ја отворивме европската перспектива за следните генерации. Колку побрзо станеме членки во ЕУ, толку подобро, затоа што ние, нашите млади генерации немаат време за губење! Да ја земеме иднината во свои раце, да тргнеме кон Европа и да оставиме подобар аманет за нашите деца, порача Ковачевски.

Ковачевски истакна дека придобивките од од почетокот на преговорите со ЕУ, веќе се видливи, дека тие придобивки значат сигурна иднина.

– Добивме веднаш силна финансиска поддршка од ЕУ, 80 милиони евра во првата транша. Ете тоа носат вистинските одлуки и тоа е одговор на прашањата кои ми беа поставени од вашите сограѓани. Придобивките од ЕУ се големи и значат сигурна иднина, подобар живот и побогати млади кои својот живот ќе го градат дома во својата земја. Се што правиме денеска, правиме за нашите млади утре, истакна Ковачевски во Кочани.

Спонзорирано: