24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски со убава вест од Кочани: Пензионерите ќе бидат почитувани, ново зголемување од март

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани истакна дека енергетскиот систем е стабилен, а антикризните мерки и економските политики даваат резултат. Со нив, како што додаде, им се помога и на граѓаните и на бизнисите.

-Цената на електрична енергија за сите домаќинства во сиот овој изминат период ја субвенционираме со 80%. Да не е таа субвенција 600.000 домаќинства, секој од нас, сега ќе плаќаше пет пати поголеми сметки за струја. Ја субвенционираме електричната енергија и за сите мали и средни претпријатија, 72.000 компании во кои работат најголем дел од работниците во државата исто добиваат поевтина струја. Обезбедивме и топли училници во сите 500 училишта, преку фиксна и далеку пониска цена на струјата од онаа на берзата, а истото тоа го сторивме и со здравствените установи, рече Ковачевски.

Тој додаде дека за да им се помогне на граѓаните и на компании, обезбедена е фиксна цена и на струјата за фирмите производители на основните прехранбени продукти.

-Таа мерка вродува со плод – цените на храната почнаа да паѓаат, се намали цената на лебот, очекуваме да се намалат цените на брашното, месото, млекото, и другите основни производи за 10%, посочи Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, во оваа насока потсети дека минималната плата уште во првите сто дена е зголемена на 18.000 денари, а пензиите за сите 330.000 пензионери се зголемени двапати.

-Со новата методологија, до март 2023 година пензиите ќе бидат зголемени за 16%. Во една календарска година тоа е најголемото зголемување на пензиите во историјата на нашата држава за сите пензионери. Јас реков неколку пати и овде ќе повторам пениознерите ќе бидат почитувани, ќе бидат чувани за тоа што тоа се нашите родители, тоа се наши татковци и мајки, баби и дедовци кои ни ја створиле ова држава. Сите сме нивни деца, истакна Ковачевски.