5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Кочани: Ветив дека никој нема да биде оставен сам, со антикризни мерки и политики ја спасивме македонската економија

„Пред десет месеци ја презедов одговорноста да ја предводам проевропската Влада, во време на економска и енергетска глобална криза, кога македонската економија беше под сериозен притисок од светската криза и неизвесноста беше огромна во светот, а не само кај нас“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани. Тој додаде дека сето свое знаење и искуство го ставил на располагање на државата и спас на македонската економија.

-Работевме ден и ноќ, со голема посветеност и макотрпна работа да направиме антиктизен пакет да ја спасиме економијата, да го спасиме животниот стандард на граѓаните и бизнисите на компаниите. После десет месеци резултатот е видлив. Успешно реализиравме два пакета антикризни мерки, вредни 760 милиони евра, најголеми во целиот регион, рече Ковачевски.

Според него има уште многу пат до безбедниот брег, бидејќи цените се сè уште превисоки, а платите се сè уште прениски.

-Но, ве молам да ми верувате кога ви велам дека сме на вистинскиот пат. А оние кои не сакаат да веруваат на мојот кажан збор, барем можат да поверуваат што велат меѓународните институции. Светска банка ги оцени нашите антикризни мерки како најголеми од сите земји во регионот, споредено како процент од БДП. Во тешко време, со економски политики и антикризни мерки успеавме да ја спасивме македонската економија, истакна претседателот на СДСМ.

Тој истакна дека се обезбедени доволно храна, електрична енергија и енергенси за да се помине најтешката зима во Европа во последните 70 години.

-Енергетскиот систем е стабилен, имаме доволно ресурси за греењето, а со последните антикризни мерки цените на основните прехранбени производи се намалуваат. За мене нема ништо поважно од тоа да ја поминеме оваа зима и да не оставиме никој зад себе. Ветив дека никој нема да биде оставен сам и никој не е оставен сам, заклучи Ковачевски.

Спонзорирано: