14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Кочани: Во ТИРЗ за првпат бројот на вработени се искачи над 16.000, од кои две илјади се вработиле годинава

„Во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани. Тој кажа дека покрај поддршката за најранливите и за компаниите, во земјава инвестираат глобални компании и се отвораат нови и подобро платени работни места.

-Денеска бев во Тетово каде започна изградбата на новата фабрика на компанијата „Киел“ од Германија која ќе инвестира 9,2 милиони евра. Претходно, само за нешто повеќе од месец се отворија неколку нови фабрики кои ќе вработат над 3.000 граѓани. Овде во Кочани, Амфенол технолоџи гради нова фабрика на 3.500 квадратни метри, каде ќе се вработат уште стотина луѓе од овој град и од овој крај. Турската Текнопанел инвестираше 20 милиони евра и отвори 120 нови работни места со плати над просечните. Само во минатиот месец, октомври, само во ТИРЗ зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачил над 16.000.

-Ова е зголемување за 16% за една година. Со успешните економски мерки и политики создовме поволна клима за Македонија да стане една од трите најатрактивни економии во светот. Едно е што како Влада создаваме услови а друго е што работниците кои со својот труд создаваат дополнителна вредност во препознавањето на странските инвеститори. Македонскиот работник е вреден, чесен и трудољубив и благодарение на заедничките напори на Владата и работниците, и нивниот труд сега се отвараат нови фабрики, нови погони, истакна претседателот на СДСМ.