Владата не ја говори вистината кога зборува дека инфлацијата е увезена и дека ја субвенционира цената на струјата за граѓаните и стопанството, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки.
Тој додава дека според Еуростат во првата половина од 2022 година цената на струјата која ја плаќа македонското стопанство е највисока споредено со земјите во регионот.
„ Имено, ако се спореди цената на струјата што ја плаќаат македонските компании со таа што ја плаќаат компаниите во Турција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина е највисока (слика 1).
Според Еуростат, македонските компании во првата половина од 2022 година плаќале цена од 168,5€/MWh и таа е повеќе од три пати поголема од цената на струјата што ја плаќале пред пет години во првата половина од 2017 година кога била 52,4€/MWh (слика 2) и споредено со таа што ја плаќале компаниите во Турција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина е најниска (слика 2).
Заклучок: Со владата на СДСМ македонските компании плаќаат за повеќе од три пати поголема цена на струјата споредена со периодот од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Инфлацијата, високите цени, криминалот, корупцијата и незнаењето се резултатите од работата на СДСМ/ДУИ. Потребна е нова влада за крај на оваа агонија и економско цунами. Потребни се предвремени избори за крај на поразите на Македонија. Има надеж, имаме знаење, потребна е промена за Македонија да почне да победува…“ пишува Мицкоски на Фејсбук.