Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Казни за 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје биле изречени вкупно 146 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 15 санкции, седум мерки возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени биле и четири мерки за користење мобилен при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК